ppl ск
Outdoor advertising или надворешно рекламирање, е една од најважните форми на рекламирање денес и игра многу важна улога за еден производ да биде успешен.

Надворешното рекламирање нуди  реклама која постојано се наметнува и го привлекува вниманието на сите минувачи 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Надворешната реклама може да биде навистина ефективна алатка за да се постигнат зацртаните цели но, за да се одбере соодветната рекламна кампања за Вашиот производ или компанија, треба да се земат во предвид неколку работи.

ЛОКАЦИЈА
Многу е важно да се изберат вистинските локации за Вашите рекламни кампањи.

Основно е фрекфенцијата на луѓе и возила, односно просечниот дневен сообраќај што поминува низ таа одредена локација. Во предвид се земаат и други параметри, како времето на задржување на таа локација, близината на главни раскрсници, пешачки зони, видливоста и сл.

Ако избраните локации се посетени од страна на многу луѓе дневно, истите  ќе продуцираат добри резултати, а со тоа Вашата инвестиција во надворешното рекламирање ќе се исплати.

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ
Во промоција на еден производ преку надворешна реклама голема улога игра позиционирањето на рекламата – таа треба да биде поставена во видливото поле на потенцијалните корисници - минувачите покрај таа локација.

ОСВЕТЛУВАЊЕ
Осветлувањето, исто така, игра клучна улога. Атрактивноста на рекламата зависи од интензитетот на светлина што паѓа на рекламната површина - дванаесет часа во случај на дневна светлина и осумнаесет часа во случај на осветлени панели. Добро осветлените реклами произведуваат многу подобри резултати во споредба со оние кои не се добро осветлени.

ДИЗАЈН
Дизајнот на надворешната реклама треба да е “видлив„ и покрај другите реклами и неговата околина. Тоа мора да биде лесно препознатлива порака која ќе се забележи “од прв поглед” и да носи во себе начин на размислување препознатлив на целната група за која е наменета пораката. Дизајнот на рекламата мора да прикаже карактеристики кои веднаш привлекуваат внимание. Да се ​​биде препознатлив и/или привлекувањето на внимание е најдобрата каректеристика на надворешното рекламирање.

ШТО ДОБИВАТЕ ОД ПАНЕЛ  ПЛУС ?

Outdoor advertising—надворешното рекламирање што ви го нуди Панел Плус претставува идеален начин:

  • да им се претставите на вашите купувачи на нов, едноставен и директен начин на градските улици по кои тие секојдневно минуваат, 
  • да го промовирате секој ваш производ или бренд за да им го приближите на вашите потрошувачи, 
  • да го градите и зајакнувате имиџот на вашата компанијата кај потрошувачите и за нив да станете препознатливи и единствени.

Со Панел плус добивате реклами кои:

  1. Заради светлосната инсталација која ја содржи во себе, подеднакво се ефектни како преку денот така и ноќе.
  2. Тие се единствен светлосен медиум кој е директно изложен во видното поле на сите учесници во сообраќајот (возачи,  совозачи, корисници на јавен превоз, пешаци итн).
  3. Повеќекратно се поевтини од сите други видови на рекламни медиуми.
  4. Ова е единствен начин на рекламирање, кој заради својата пристапна цена, покрај големите компании можат да си го дозволат и оние со минимален буџет.
  5. Локациите на рекламните површини можете да ги изберете сами и за таа намена Ви отстапуваме околу 10.000 локации.
ways to prevent hiv how do you get tested for hiv does hiv cause aids
natural way to terminate pregnancy west-bot.com abortion alternatives
signs of being hiv positive open aids hiv testing
is it my fault my husband cheated open my ex cheated on me
do you cheat on your wife read your wife cheated on you
why did i cheat on my husband click i wanna cheat on my husband