ppl ск

Историјат 

ПРОДУКЦИЈА ПЕРСПЕКТИВА е основана 2000 година и од 2002 Продукција Перспектива – Панел Плус во соработка со Град Скопје го реализира проектот за улично медиумско рекламирање преку поставување на урбана опрема - светлосни патокази и рекламни панели на столбови за улично осветлување.

Од 2007 година го проширивме своето работење нудејќи услуги и во рекламирањето на големи – ѕидни површини на најпрометните главни сообраќајници во градовите.

Почнувајќи од 2008 година, покрај Скопје, го проширивме своето делување и во други градови низ Македонија.

Од Март 2010 до 2013 година, го реализиравме проектот за улично медиумско рекламирање и во Охрид.

Услуги 

Во текот на десетгодишното работење во полето на маркетингот и рекламирањето, Панел Плус се разви во агенција која освен услуги во надворешното рекламирање нуди услуги и во делот на изработка на маркетинг и промотивни стратегии и планови, графички дизајн и организирање на настани.
Асистиравме во постигнувањето на целта на многу клиенти и горди сме што им помогнавме да ги реализираат нивните таргети и го унапредат својот бизнис и зголемат својот профит.
Нашите услуги опфаќаат широк спектар на клиенти од различни дејности. Им помагаме на компаниите да се пробијат, промовираат и брендираат во урбаниот пазар. Нашиот талентиран тим на професионалци поседува вештини да изложат, брендираат и продадат производи или услуги, и на ефективен начин да им помогне на нашите клиенти да ги постигнат своите цели. Ние го правиме ова преку комбинација на широко знаење, искуство и иновативни идеи.
Ние работиме заедно со нашите клиенти. Нашата најдобра работа доаѓа со стекнување на вистинско разбирање на нашите клиенти и нивните купувачи, тогаш може да се донесат вистински решенија за да се постигнат зацртаните цели. Брендирањето и промовирањето на компаниите и нивните производи и услуги го правиме така да привлечат внимание, да се изгради бренд име и да го зголеми повратокот на инвестицијата вложена во маркетинг активности.

Накратко, ги позиционираме нашите клиенти како лидери во нивните пазари.

ways to prevent hiv jasonfollas.com does hiv cause aids
natural way to terminate pregnancy indiana abortion clinics abortion alternatives
symptoms of stds read what are the side effects of chlamydia
hiv/aids in africa astrobix.com aid symptoms
i want my girlfriend to cheat read my girlfriend cheated on me with a girl
i just cheated on my girlfriend faithwalker.org did my girlfriend cheat
girlfriend cheated on me while drunk faithwalker.org i want to cheat on my girlfriend